Соопштена причината за несреќата во која вчера загина тримесечно бебе во Кичево

Претекнување на полна лента е причината за сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Кичево-Македонски Брод, а во која загина тримесечно бебе, соопшти Основното јавно обвинителство Кичево.

Од таму наведуваат дека според првичните информации, несреќата се случила кога возачот на автомобилот „Голф“ со охридски регистарски таблички што се движел од Македонски Брод кон Кичево, направил обид за претекнување на влекач со приколка марка ТАВ со кичевски регистарски таблици. При претекнувањето, возилото „Голф“ удрило во автомобил „Алфа Ромео“ со регистарски таблички од Република Словенија, што доаѓало од спротивниот правец.

Бебето починало на самото место, а со тешки повреди се здобиле пет лица кои се пренесени во медицински установи за укажување натамошна помош.

Од Обвинителството наведуваат дека се прибрани траги од местото на несреќата и претстои нивно вештачење, како и сообраќајно техничко вештачење за утврдување на околностите за настанот.​

 

 

 

04.01.2018 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега