Маж пронајден мртов во скопско

Шеесет годишниот С.М. од скопско Ново Село вчера бил пронајден мртов од својот соселанец.

Случајот во полиција го пријавил соселанецот Б.К. кој рекол дека на место викано „Печуриште“ го видел С.М. како лежи на земјата без знаци за живот.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

 

 

04.01.2018 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега