Несреќа во Скопје - прегазени две момчиња итно префрлени во Градската болница

Вчера, во 9:50 часот било пријавено дека во Скопје на булеварот „Кузман Ј.Питу“ кај трговскиот центар „Веро џамбо“ патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистерски таблици управувано од 64-годишниот Т.С. удрило во пешак 27-годишниот В.Р.од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. 

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Истиот ден попладнето, околу 17:30 часот во полиција било пријавено дека на улица „Љубљанска“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано 53-годишниот од М.С. од Скопје удрило во 28-годишниот И.Б. од Скопје.

И.Б се здобил со тешки телесни повреди од несреќата и со возилото на М.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што по укажаната лекарска помош, бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје. 

 

 

 

04.01.2018 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега