МВР со детали за тешката сообраќајка во која загина тримесечно бебе

Сообраќајна несреќа во која тримесечно бебе го загуби животот на лице место се случи вчера околу 17 часот и 20 минути на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, помеѓу село Србјани и село Староец.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 48- годишниот А.Д од Кичево, возило „Алфа Ромео“ со словенечки национални ознаки управувано од 52- годишниот  М.С од село Пласница и товарно моторно возило „Даф“ со кичевски регистерски таблички, управувано од 29- годишниот Д.Д од Кичево.

-На местото на настанот од здобиените повреди починало три месечно бебе. Со тешки телесни повреди повреди се здобиле возачот Голфот и сопатник во возилото 51- годишен Л.Б, кои по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево се упатени во комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „Алфа Ромео“ кој бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“-Охрид, а со телесни повреди се здобиле 13- годишно дете и 41- годишниот А.А, двајцата од село Пласница, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот е извршен од страна на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кичево и увидна екипа од Полициска станица Кичево.

 

 

 

04.01.2018 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега