Тешка кражба во Скопје: Одземено големо количество на накит

Тешка кражба в Скопје. Одземено златен и сребрен накит и по што се стекнал со голема имотна вредност.

Имено вчера 63- годишниот Р.В од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 16.00 до 21 часот и 30 минути непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан на улица „Пекљане“.

- Сторителот со употреба на сила и погоден предмет ја отворил вратата на балконот, влегол внатре и одзел поголема количина златен и сребрен накит, по што побегнал во непознат правец- стои во соопштението од полицијата.

  На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 400.000 денари, а причинил и материјална штета од околу 3.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

 

 

 

04.01.2018 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега