Откриена нелегална обложувалница во тетовско - запленет целиот инвентар

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера околу 17 часот извршиле контрола и увид во локал-нелегална спортска обложувалница во село Мала Речица, тетовско, сопственост на 19-годишниот Г.Х. Во објектот биле затекнати двајца вработени, 26-годишниот Р.Н и 24-годишниот М.Ш.од Мала Речица. Притоа, со потврда за одземени предмети, биле одземени седум  телевизори, четири компјутери, четири монитори, три принтери, еден апарат за игри со кучиња и  одредена сума на пари. По документирање и расчистување на настанот, против Г.Х. ќе биде поднесен соодветна пријава.  

 

 

 

 

04.01.2018 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега