По празниците закажано рочиште за „Таргет и Тврдина“

По завршувањето на празниците продолжуваат судењата за предметите на СЈО, па така на 17 јануари е закажано рочиште за споениот предмет „Таргет-Тврдина“.

Во овој предмет се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот  директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.

Тие се обвинети за прислушување и уништување на опремата од прислушувањето вредна 10 милиони евра.

 

 

 

04.01.2018 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега