Бизарна несреќа во Македонија: Маж итно донесен на скопските Клиники

Во 19 часот и 20 минути вчера телефонски во Полициско одделение-Македонска Каменица од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив бил донесен 65-годишниот П.С. од Македонска Каменица со тешки телесни повреди.

Тој со фрактура на клучна коска и набиеници на градниот кош се здобил откако со трактор „Урсус“ се движел по локалниот пат село Цера-Македонска Каменица, и во еден момент изгубил контрола над тракторот и паднал.

Тракторот продолжил со движење, а П.С. по укажаната лекарска помош во контактибилна состојба со возило на итна медицинска помош е пренесен во Медицински Центар-Штип, Одделение за ортопедија, од каде е префрлен во Ургентен Центар-Скопје при Комплекс клиники Мајка Тереза.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица-Делчево.

 

 

 

05.01.2018 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега