Никој не ги слушнал криците за помош: Струмичанка нападната во влез од зграда

Во 18  часот во Струмица на улицата „Ката Поцкова“, непознат сторител извршил разбојништво врз 55-годишната Л.Ѓ. од Струмица.

Имено, насилникот откако се доближил до жената, во моментот кога таа влегла во влез од зграда, физички ја нападнал обидувајќи се да и ја земе торбата при што почнал да ја удира со раце во пределот на главата и телото.

Л.Ѓ. паднала на подот и од падот се здобила со повреди на прстите од десната рака. Напаѓачот ја земал торбата во која според пријавеното имало 76.000 денари, 1070 евра, женски сребрен накит и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

05.01.2018 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега