Страшна сообраќајка во Македонија - еден тешко повреден

Во 07 часот и 25 минути во Битола на патот А3, односно на исклучувањето кон селото Кажани, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фиат Дукато“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Г.А. од Битола и возило „Ауди А4“ со струшки регистарски ознаки управувано од 27-годишниот Б.М. од Струга.

Во незгодата, Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Битола.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Битола.

 

 

 

05.01.2018 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега