Пожар беснееше во близина на стадионот во Могила

Пожар од засега непознати причини избувнал пред два дена околу 21 часот и 45 минути во село Могила-Битола, на местото викано „Пречистителна станица“ во близина на стадионот „Димче Могилче“.

-Од засега непознати причини настанал пожар во кој биле изгорени 800 бали слама, сопственост на општина Могила. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијална против пожарна единица. Од пожарот е причинета е материјална штета од околу 61.000 денари, информираат од полицијата.

Полициски екипи извршиле увид.

 

 

 

05.01.2018 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега