Младо момче ограбувало фирми - македонската полиција го фати

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 23-годишниот Џ.И. од гостиварското село Врапчишта.  

Пријавениот, казнените дела ги сторил на 26-ти минатиот месец во објекти на деловни субјекти во Струга. 

Со употреба на сила и подесен алат, ги отворал влезните врати и ги кинел поставените катинари по што, влегувал во службените простории, вршел пребарување и одземал пари и други предмети.

Со извршувањето на четирите тешки кражби во Струга, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 17.000 денари.

Од полицијата информираат дека пријавениот Џ.И. е познат извршител на вакви казнени дела против кого и досега биле поднесувани соодветни кривични пријави.

 

 

 

05.01.2018 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега