Драма синоќа во скопско: Со возило поминал низ бадниковиот оган и намерно прегазил двајца

Пред 2 часот по полноќ во селото Мирковци, скопско, на местото познато како „Горно Маало“, каде по повод Бадник имало запалено оган и биле присутни повеќе граѓани, дошол И.П. од истото село, почнал да се заканува и направил драма.

Полицијата денеска информира дека тој се заканил дека со неговото возило ќе помине низ огнот и дека ќе ги прегази. Потоа, И.П. влегол во возилото „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, тргнал кон присутните граѓани, поминал низ огнот и удрил во 39-годишниот М.Б. и 39-годишниот Б.К. а потоа избегал во непознат правец.

Со возило на Итна медицинска помош, М.Б. и Б.К. биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош, двајцата биле пуштени на домашно лекување.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

06.01.2018 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега