Страшна сообраќајка во Македонија, има повредени

Околу 08 часот и 50 минути во текот на вчерашниот ден на локалниот пат Ресен – село Болно - село Евла, кај место викано „Нова Слога“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат типо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот С.К. од Ресен и патничко возило „Опел корса“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Б.Т. од селото Болно, ресенско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т. кој по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Битола, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле возачот С.К. и сопатничката во неговото возило Ј.К. (37) од Ресен и на нив им била укажана лекарска помош во Здравствен дом Ресен.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Ресен. 

 

 

 

06.01.2018 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега