Гостиварчанец со возилото се заби во бетонски столб - Итно пренесен на скопски Клиники

На регионалниот пат село Градец - Гостивар се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Рено клио“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот А.Д. од село Дебреше, гостиварско, удрило во бетонска бандера.

Возачот со друго возило бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

 

06.01.2018 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега