Тешка судбина го снајде 92-годишен старец од Прилеп пред празниците

Две непознати лица вчера со измама му одзеле 17.000 евра на 92-годишниот Ѓ.А. од Прилеп на градскиот плоштад „Александар Македонски“. Откако сфатил дека е измамен околу 13 часот настанот го  пријавил во полициската станица Прилеп.

Како што информира МВР, лицата го пресретнале и почнале раговор со него, по што му дале еден машки часовник, за кој му рекле дека вреди многу пари и дека некој им го продава. Ѓ.А. им рекол дека тој има евра и отишол во банка и подигнал 17.000 евра, кои им ги дал на двете лица. Тие му кажале да ги почека за да и ги покажат парите на некоја жена, која ги чека во возило и дека ќе се вратат за пет минути, по што заминале во непознат правец.

По извесно време, откако лицата не се вратиле, Ѓ.А. сфатил дека е измамен, по што го пријавил настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

06.01.2018 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега