Македонка паднала од карпа во Грција - ја спасувале со часови, состојбата сериозна

Неколкучасовна операција за спасување се случувала  денеска на планината Олимп во северна Грција откако 35-годишна Македонка додека планинарела  паднала  од литица на 2.800 метри надморска височина, објави Прототема.

Повредената  со хеликоптер „Супер Пума“ на грчкото воздухопловство била пренесена во болницата во Лариса, а состојбата и е сериозна.

Засега се знае само дека таа се искачувала на Олимп со уште двајца планинари.

 

 

 

06.01.2018 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега