Касами разрешен од лидерската позиција во БЕСА?

Беса денеска одржа два состанока на две различни локации на Централниот одбор. 

На оној кој се одржа во Скопје, со анонимно гласање одлучено е лидерот на партијата Биљал Касами да биде разрешен од претседателското место. Вршител на должноста до одржувањето на конгресот ќе биде професорот Неџмедин Карамани. Како што беше соопштено на денешната прес конференција причината за разрешувањето на Касами се резултатите од последните избори и поради блокирањето на сите партиски органи во изминатите два месеци и непочитувањето на статутот на партијата од негова страна, пренесе ТВ21.

Андуш Демири, одговорен за односи со јавност од оваа партија вели дека Централниот одбор одржал состанок во Тетово и дека нема никакви информации за состанокот во Скопје. 

 

 

 

06.01.2018 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега