Трагедија за македонско семејство во Америка: Мајката загина, децата и сопругот повредени

Завчера во тешка сообраќајна несреќа во државата Тенеси, САД, настрада петчлено струмичко семејство од Чикаго, објави порталот strumicanet.

Враќајќи се од Флорида, тие со својот автомобил излетале од патот, во близината на Нешвил и од силниот удар загинала 41-годишната Виле Д.

Нејзиниот сопруг Д.Д. кој управувал со автомобилот е со тешки повреди и е во критична состојба, а со сериозни повреди се и нивните три деца, синот на возраст од 13 и ќерките близначки од 3 години, но според информациите на Радио СтрумицаНет од наши Македонци кои живеат во Чикаго, тие се надвор од животна опасност.

Нашинците од Америка покренаа иницијатива за финансиска помош на семејството, кое се соочува со големи медицински сметки, но и за погребални услуги и превоз. Преку веб страницатаwww.gofundme.com веќе пристигнуваат парични средства за семејството.

 

 

 

06.01.2018 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега