Заев за грчка Алфа ТВ: Немаме црвени линии (Видео)

Македонскиот премиер Зоран Заев, во интервју за грчката „Алфа ТВ“ изрази надеж дека постои можност за изнаоѓање на решение за прашањето за името до крајот на првата половина во 2018 година. 

Тој во разговорот е јасен и вели дека црвени линии нема да има.

„Наша црвена линија е линијата која свети силно како водилка по патот за да дојдеме до конечно решение“, вели Заев.

Тој вели дека со Ципрас веруваат во исти вредности.

- „Ние сме родени во иста година, и очигледно Господ сакал да бидеме родени иста година за да можеме да го решиме ова чувствително прашање што постои помеѓу двете земји“, вели тој.

 

 

 

08.01.2018 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа