Пукна тиквата во БЕСА: Два месеци пред Конгресот борба за тронот

Претседателот на БЕСА, Касами си поднесе оставка, а дел од членовите не сакаат ни да ја коментираат таа одлука. Како што јавува ТВ21, дел од приврзаниците на партијата го обвинија Касами.

Тоа предизвика револт во огранокот на оваа партија во Тетово, од каде што доаѓа Касами. Во име на огранокот на Беса во Тетово и во име на Форумот на жените, зборуваше Хатије Етеми.Таа го осуди однесувањето на пратеникот кој доаѓа од оваа област, Неџмедин Каремани, кој што побара оставка од Касами. Етеми го потсети дека токму Биљал Касами му го отстапил пратеничкото место, пишува ТВ21.

Демири одговарајќи на новинарски прашања се обрати со “тие и ние“ оставајќи простор за шпекулации дека се случува внатрепартиски раскол. Сепак, вели дека БЕСА не ја очекува судбина како НДП.

Двете страни велат дека ќе се покренат судски постапки. 

 

 

 

08.01.2018 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега