Заев топ тема во Грција: „Македонија не е единствен наследник на Александар Велики"

 „Заев оптимист за решение во првата половина на 2018“; „Следен чекор: соопштување на името“; „Заев: немаме црвени линии“; „Можеме да најдеме решение во прашањето за името“; „Зоран Заев: Не за црвените линии“, ова се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по синоќешното интервју на македонскиот премиер за грчката телевизија Алфа.

Грчките медиуми, во извештаите, јавува дописникот на МИА од Атина, акцентот го ставаат на ставовите на Зоран Заев, во однос на убеденоста дека постои решение, оптимизмот, волјата и расположението за решавање на прашањето за името, но и позициите на македонскиот премиер за „црвените линии“.

-Убеденост дека постои можност за изнаоѓање решение во прашањето за името на пЈРМ, и тоа до крајот на првите шест месеци од 2018., изрази премиерот на земјата, Зоран Заев.

 

Во интервјуто за телевизијата Алфа, господинот Заев, рече дека наводите за „црвени линии“, нема да бидат причина или оправдување за да се постават ограничувања во разговорите, објавува грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ во текстот што го пренесоа речиси сите онлајн изданија на грчките медиуми.

- Повтори дека пЈРМ не е единствениот наследник на Александар Велики, истакнувајќи: „Јас тоа јавно го изјавив, бидејќи повеќе верувам во иднината на нашата држава, отколку да бидам заглавен во предрасудите од минатото, затоа што знам дека Александар Велики може да биде нешто кое што ќе не спојува сите, а не да нѐ дели“, пишува грчката државна новинска агенција, пренесува МИА.

Веднаш по завршувањето на централните вести на грчката телевизија Алфа, точно во 20 часот, започна 20 минутното интервју на македонскиот премиер. 

 

 

 

08.01.2018 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега