Неизвесно враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска најверојатно нема да присуствуваат на собраниската седница на која треба да се изберат уставни судии, а да се стави на дневен ред и гласање за Законот за јазици.

Според информациите до кои дојде Пресс24, за денеска во 10 часот пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ закажала координација на која треба да се донесе одлука, дали пратениците ќе го продолжат бојкотот, или ќе се решат да се вратат на работа во Собранието.

Високи партиски извори за Пресс24, велат дека атмосферата во пратеничката група воопшто не навестува враќање во Собранието. Според нашиот извор, во законодавниот дом нема демократски амбиент, и простор за рамноправна дебата и учество на опозицијата во процесите.

Пресс24 дознава, дека во средината на неделата согласно најавите на лидерот Мицковски ќе почне и процесот за избор на ново партиско раководство. Во среда или четврток партијата се очекува да го избере новиот Извршен комитет во кој како што најави претседателот во интервјуто за МТВ, се очекуваат многу нови лица. 

 

 

 

09.01.2018 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега