Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собрание кога ќе се создадат демократски услови

ВМРО-ДПМНЕ денеска донесе одлука да не се врати во пратеничките клупи, додека не се создадат демократски услови и не се ослободат приведените за настаните од 27. април.

Новиот лидер, Христијан Мицкоски, изјави дека партијата ќе се врати во Собранието кога ќе се создадат демократски услови за тоа.

„Во моментов нема демократски амбиент за работа на Собранието. 12 проценти од пратеничката група сè уште се наоѓа во притвор, тоа се 5 проценти од вкупниот број на пратеници кои се соочуваат со конструирано обвинение за тероризам“, рече тој.

 

 

 

09.01.2018 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега