СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се ослободи од политиките на поделби

СДСМ денеска се огласија по одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не се вратат во Собранието:

- „Со промените по изборот на новата демократска влада, спроведувањето на реформите и новите политики, започнати се процесите за Собранието да биде вистински храм на демократијата и да работи исклучиво во интерес на сите граѓани. Во тие демократски процеси, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ треба да даде придонес, а не да ги блокира.   Граѓаните на Република Македонија и целокупната јавност од новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат конечно да се ослободи од политиките на поделби, блокади и деструкции и да земе активно учество во спроведувањето на зацртаните реформи, велат од СДСМ.

Во соопштението од партијата се вели дека новото време на соработка, заедништво, пријателство и напредок ги отвора можностите за развој на Македонија како едно демократско општество во кое сите граѓани ќе бидат еднакви кон правата и кон обврските.

 

 

 

 

09.01.2018 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега