Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ загуби уште еден пратеник во Собранието

Уште еден пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија ќе делува како независен пратеник. Станува збор за Јусуф Хасани од Демократската партија на Турците на Македонија.

Хасани со допис денеска го известил  Талат Џафери дека ќе настапува како независен пратеник, а не како пратеник на коалицијата „За подобра Македонија“ застапувајќи ги правата, волјата и гласовите на неговите гласачи. Претходно коалицијата ја напуштија пратениците на ГРОМ и Сојузот на Ромите.

 

 

 

09.01.2018 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега