СДСМ и ДУИ не собраa кворум за Законот за јазиците

Ниту Законот за употреба на јазиците не успеа да обезбеди кворум во Собранието. Цели два часа Талат Џафери безуспешно се обидуваше да го обезбеди неопходниот број на пратеници во собраниската сала. По 10 дневната пауза поради новогодишните и божиќните празници, на своите работни места денеска беа присутни само 52 народни избраници, додека за овој закон неопходна е поддршка од најмалку 61 пратеник. Нов обид за донесување на Законот за употреба на јазиците, Џафери закажа за во четврток.

Под превезот на европското знаменце, Законот за употреба на јазиците веќе ги помина двете комисиски расправи на кои не беше прифатен ниту еден амандман. Доколку претседателот Ѓорѓе Иванов одбие да го потпише законот по првото изгласување, тој повторно ќе се најде пред пратениците. По неговото второ донесување, шефот на државата ќе мора да го потпише указот.

Парламентарното мнозинство денеска не успеа да обезеди кворум ниту за именување на Осман Кадриу и Дарко Костадиновски за нови судии во Уставниот суд. На дневен ред во четврток повторно ќе се најдат и Законот за заштита на сведоци кои го бараше Специјалното обвинителство, како и Законот со кој треба да се укине Советот за утрдување факти. 

 

 

 

09.01.2018 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега