ВМРО-ДПМНЕ надвор од Собранието - Мицковски јасен, не се враќаат додека 12% од пратениците се приведени

 

Се намалува бројот на пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По Чедомир Саздовски од ГРОМ и Амди Бајрам од Сојузот на Ромите, вчера и пратеникот Јусуф Хасани од Демократската партија на Турција најави дека не е дел од коалицијата и оти ќе делува како независен пратеник.

Хасани со допис го известил претседателот на македонското Собрание дека ќе настапува како независен пратеник, а не како пратеник на коалицијата „За подобра Македонија“.

Од друга страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека опозицијата нема да учествува во работата на Собранието бидејќи во моментот нема демократски амбиент за работа. Тој повтори дека 12 проценти од нивните пратеници се се уште во притвор, а тоа се пет проценти од вкупниот број на пратеници кои се соочуваат со конструирано обвинение за тероризам.

Мицкоски посочи дека има комуникација со владејачкото мнозинство и со претседателот на Собранието, но потенцира дека таа се темели на „не така чести состаноци“. 

 

 

 

10.01.2018 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа