Независни Грци против употребата на терминот Македонија

Независни Грци остануваат на нивниот став дека не се согласуваат со употребата на терминот Македонија во името на нашата земја. Оваа позиција уште еднаш ја повтори и потврди портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу, во интервју за радиото 24/7.

- Нашата позиција е јасна, не се согласуваме со употребата на терминот Македонија за Скопје. Не станува збор само за едно име. Станува збор за една земја што треба да се обврзе за неприкосновеноста на границите, за земја што бара користење на „македонски јазик“, а можеби во иднина да има барања за „македонско малцинство“, вели Мадалена Пападопулу.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во интервјуто, Пападопулу, ја спомена изјавата на претседателот на Независни Грци, во која говореше за позицијата од лидерската средба во 1992, но и ставот на Караманлис во 2008 по ветото во Букурешт за ерга омнес име.

Портпаролката на партијата вели дека е во интерес на Грција да се реши проблемот, но стресот за решавање го има Скопје за да влезе во НАТО. Таа додава дека каков и да е договорот треба да им служи на грчките национални интереси. 

 

 

 

10.01.2018 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега