БЕСА не влегува во Влада но ќе ги поддржи владините закони во Собрание

Премиерот Зоран Заев и претседателот на БЕСА, Биљал Касами вчера имаа средба во Владата на која се разговарало за пакетот реформски закони во Собранието.

Касами вчера го уверил Заев дека петмината пратеници на БЕСА во Собранието ќе ги поддржат законите.

Портпаролот на владата Бошњаковски денеска изјави дека со БЕСА не се водат разговори за влез во Владата, откако од владината коалиција излезе Алијанса за Алабанците.

Портпаролот додаде дека не се водат разговори на ова нивно ниту со ДПА на Мендух Тачи.

 

 

 

10.01.2018 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа