Муртезани: Касами нема мандат да зборува со премиерот Заев за БЕСА

Билал Касами не ја претставува Беса откако на состанок на партијата поддржан од мнозиснтвото ограноци во Скопје тој беше разрешен од лидерската позиција и не може да зборува во име на Беса или да ги застапува нејзините партиски интереси.

Ова за Плусинфо го изјавува Орхан Муртезани по средбата на Касами со Заев. Според него, Касами нема мандат да преговара за какви било партиски прашања, освен ако тој лично сакал да се сретне со премиерот и на своја рака договарал поддршка.

Муртезани, кој го претставува скопскиот огранок на Беса заедно со Африм Гаши, Зеќирија Ибраими и Скендер Реџепи, објаснува дека престојниот конгрес на 24 февруари на кој треба да се избере нов лидер на Беса има приоритет на партиската агенда.

 

 

 

10.01.2018 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа