Апелациониот суд се очекува денес да ги соопшти одлуките за три жалби за притвор

Апелационите судии на две јавни седници ќе расправаат дали е оправдан продолжениот притвор за двајца осмничени од настаните во Собранието, кои се во притвор во Шуто Оризари.

Станува збор за Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и Душко Лазаров, началник во МВР за специјални операции, кој ноќта на 27 април во оперативниот штаб на МВР ја имал т.н. „бронзена команда“.

Апелациониот суд вчера одржа 3 јавни седници за притворите на осомничените: Владо Јовановски, Горан Ѓошевски и Оливер Поповски. Само за Јовановски Вишото јавно обвиителство побара укинување на притворот и поблаги мерки за обезбедување присуство. Одлуките треба да бидат познати деновиве.

Од скопска Апелација потврдија дека до вчерашниот ден стинале 18 жалби за притворите на осомничените. Дел од нив, како оперскиот певец Игор Дурловски побарале седниците на второстепениот суд да не бидат јавни.

 

 

 

11.01.2018 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега