Законот за јазици ако помине во Собрание, може да не помине кај Иванов

Денеска во Собрание повторно Законот за јазици пред пратениците, чие гласање беше одложено во вторникот и презакажано за денес поради немање кворум.

Недоволниот кворум на пратенци го одложи Законот кој под превезот на европското знаменце веќе ги помина двете комисиски расправи на кои не беше прифатен ниту еден амандман.

Сепак доколку овој закон го помине собранискиот филтер,може да закочи кај шефот на државата.

Ѓорге Иванов кој уште на самиот старт се изјаснуваше против овој закон за кој вели дека  претставува закана по унитарноста на државата и го крши  Уставот на Република Македонија може да одбие да го потпише  законот по првото изгласување. Доколку се случи тоа, законот повторно се враќа назад кај пратениците.

 

По второто изгласување претседателот нема да може да одбие да го потпише законот.

 

Денеска пред пратениците ќе се најдат и Законот за заштита на сведоци кои го бараше Специјалното обвинителство, како и Законот со кој треба да се укине Советот за утрдување факти, но на дневен ред е и Предлогот за избор на судии на Уставниот суд.

 

 

 

11.01.2018 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега