Кумановка 14 години земала плата со фалсификувана универзитетска диплома

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе поднесе кривична пријава против С.Џ.Е. од село Романовце, Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „фалсификување исправа“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Имено, пријавената во текот на 1999 година, набавила фалсификувана исправа – Диплома од Софискиот универзитет „Климент Охридски“ Софија, Р.Бугарија при што се стекнала со квалификација на VII степен, специјалност Педагогија. Дипломата во 2000 година ја приложила како вистинска на Универизитетот „Св. Климент Охридски“ - Филозофски факултет во Скопје, за нострификација, за што добила и Решение за нострификација. По ова, во 2003 година, пријавената, како вистински ги приложила фалсификуваната диплома и добиеното решение за нострификација во Општинско основно училиште Кирил и Методиј во село Романовце, Куманово, каде од 06.10.2003 година па до 2009 година и биле изготвувани Договори за работа со заснован работен однос на определено работно време. Во октомври 2009 година добила договор и Одлука за трансформација на работен однос од определено на неопределено работно време. Со наведените дејствија пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од платите што и биле исплатени од Буџетот на Р.М. за наведениот временски период. 

 

 

 

11.01.2018 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега