Тажна вест: Почина режисерот Тозија

По кратко боледување завчера вечер во Скопје почина режисерот Љупчо Тозија, поранешен директор на Македонската радио и телевизија и наш амбасадор во Италија.

Тој беше уредник на Драмската редакција, каде има режирано повеќе играни и драмски серии.

Тозија зад себе остави бројни режисерски потписи меѓу кои на играни телевизиски, документарни филмови и театарски претстави како „Желба во глината“, „Каменот тежи на своето место“.

Режисерското деби го имаше во 1973 година во Драмскиот театар со претставата „Хамлет од Долно Гаштани“.

Посмртните останки на Љупчо Тозија ќе бидат изложени утре од 12 часот во капела на гробиштата Бутел, а погребот ќе се одржи во 13 часот

 

 

 

11.01.2018 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега