Изгласано: Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците

Собранието на денешната седница го донесе Законот за јазиците. Сo 69 гласа ЗА и ниту еден против пратениците го изгласаа новото законско решение.
Законот за јазиците беше жешка тема во периодот пред за време и по изборите.
Тој беше дел од т.н. Тиранска платформа која албанските партии и премиерот на Албанија Еди Рама ја договорија на средбата во албанската престолнина.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.
Законот сега треба да оди на потпис кај Претседателот Иванов. Доколку тој не го потпише, а има такви најави, тој повторно се враќа во Собранието. По повторното изгласување, Претседателот мора да го стави својот потпис.

 

 

 

11.01.2018 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега