Ако Иванов не го потпише законот за јазици, Груби најави повторно гласање

По 15 години од Рамковниот договор, денес го заокруживме норматовниот дел од мировниот договор со кој заврши војната во 2001 година, изјави Артан Груби од ДУИ откако Собранието го усвои новиот закон за јазици и се заблагодари на сите кои гласаа.

„Сметам дека овој закон е поддржан од сите страни бидејќи сите партии се потписници на Охридскиот рамковен договор. Очекувам опозицијата да го поддржи овој закон, иако не беа во Собранието за време на гласањето. Со овој закон ќе добие Македонија, а ќе се релаксираат меѓуетничките односи, ќе се затворат многу теми кои произлегуваат од нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор“, вели Груби.

Законот за употреба на јазиците треба да биде потпишан и од претседателот Иванов, за што Груби очекува позитивен резултат.

„Доколку Иванов не го потпише законот и застане против Охридскиот рамковен договор, тој ќе се врати повторно во Собранието, каде што повторно ќе се гласа. Го повикувам Иванов да стане дел од успешната приказна на заокружување на Охридскиот рамковен договор“, додава Груби.

Коментирајќи ги состојбите во политичката партија Беса, Груби вели дека треба да се почека конгресот, а потоа да се види што ќе се случува. Тој смета дека пратениците на Беса, Алијанса на Албанците и ВМРО-ДПМНЕ треба да ги поддржат реформските процеси, а со тоа ако ѝ мислат добро на државата, мора да ги изгласаат законите.

 

 

 

 

11.01.2018 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега