Сугарески ќе сведочи во СЈО за случајот „Траекторија“

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска потврди дека на 23 јануари годинава ќе сведочи во СЈО за случајот „Траекторија“.

- Да. На 23 јануари сум повикан во Специјалното јавно обвинтелство како претставник на државата во предметот „Траекторија“, рече Сугарески, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на наплатната рампа Сопот. 

Случајот „Траекторија“ се однесува на злоупотреби поврзани со изградбата на автопатиштата Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид. 

 

 

 

11.01.2018 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега