СДСМ: Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот

Од Социјалдемократскиот Сојуз денеска реагираа на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за усвојувањето на Законот за употреба на јазиците.

- Со усвоените измени не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата, како и во меѓународните односи, а се унапредува употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија. Кукавички и неосновани се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку имаше било какви аргументи за лажните тврдења пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можеа да присуствуваат и да ги бранат на денешната собраниската седница, наместо да бегаат, стои во реакцијата на СДСМ.

Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема капацитет да ги надмине политиките на создавање вештачки поделби меѓу граѓаните.

 

 

 

11.01.2018 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега