На Иста Страна – позитивните приказни ги освојуваат гледачите

На Иста Страна е емисија која секоја недела во 11 часот се емитува на Тв Сител и претставува специфичен телевизиски производ, новите на македонските национални телевизии. Емисијата се емитува втора сезона. Во првата сезона најчесто ги гледавме свешетниците на МПЦ-ОА и имамите на ИВЗ, во меѓусебен релаксиран разговор, а во една емисија за прв пат ги видовме и на еден фудбалски натпревар.

Втората сезона има граѓански аспект и авторот на емисијата, Марјан Николовски е во потрага по позитивни примери од соживотот во Македонија. Една од емисиите беше посветена на пријателството и искреноста. Едноставно насловена Кој е твојот пријател, етнички или верски различен од себе?

На специфичен начин луѓе од јавниот живот открија многу многу интересни приказни од нивните дружби.

-Идејата беше тие да зборуваат за својот пријател, а тој да не знае, едноставно да дознае од телевизија... Мислам дека успеавме да го постигнеме она што го имавме замислено, бидејќи реакциите беа изненадувачки добри, вели Николовски.

Тој најавува нови емисии од серијалот, со исто така специфичен пристап. На Иста Страна се повеќе ги освојува гледачите, токму поради ваквиот тип на позитивни приказни од општетството.

 

 

 

26.12.2017 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега