Незири прогнозира дека БЕСА ќе се подели на два дела по Конгресот

Џелал Незири вечерва на Топ тема на телевизија Телма прогнозираше дека по конгресот на партијата закажан за 24 февруари Беса ќе се подели на две партии.

Според него  скопското крило на Беса во кое се тројца од петте пратеници во Собранието, е против Касами и е поблиску до коалицирање со ДПА на Мендух Тачи а тетовското крило кое го поддржува Касами е поблиско со Алијансата на Села.

Касами потврди дека ќе се кндидира за лидер на Беса на првиот конгрес кој ќе се одржи на 24 февруари и дека секој делегат кој има 10 насто од делегатите зад себе може да се кандидира за претседател. 

 

 

 

11.01.2018 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега