Жена се бори за живот на скопските Клиники

На регионалниот пат Тетово-Јажинце синоќа околу 22 часот и 30 минути се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот М.С. од селото Џепчиште удрило во пешак.

Се работи за 56-годишната Ќ.С. од село .Џепчиштекоја се здобила со повреди и била пренесена во тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош била префрлена на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

 

 

12.01.2018 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега