Георгиевски: Клучно е да се запрат бековите на Црна Гора

Ракометарите на Македонија со победа го почнаа учеството на Европскиот шампионат во Хрватска. Со нов триумф против Црна Гора вечерва нашите ракометарите ќе го обезбедат пласманот во следната фаза.

– Црна Гора на отворањето не одигра добро, тие можат и знаат да играат подобро. Неиграњето на Борозан е проблем за нашиот денешен противник, во чии редови има и други добри бекови. Клучно е да се запрат нивните бекови, тука мислам на Липовина. Воедно не смееме да им дозволиме да имаат серија голови. Ова е многу важен натпревар, бидејќи имаме квалитетен и незгоден противник. Ние веќе ја заборавивме Словенија, а мислиме само на Црна Гора, изјави Гоце Георгиевски.

Проблем за нашата репрезентација може да претставува повредата на Филип Миркуловски чиј настап е неизвесен. Последниот збор ќе го има лекарскиот тим заедно со стручниот штаб.

 

 

 

15.01.2018 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега