Кахрамани: БЕСА отвора ново историско поглавје на политиката во Тетово
Членовите на централното раководство и на централниот совет на БЕСА кои го подржуваат и го изгласаа Неџбедин Кахрамани за претседател, отворија седиште на партијата во Тетово.
- „Во ова ново седиште ќе комуницираме со сите тие кои до вчера не беа пожелни во БЕСА. Од вечерва БЕСА отвора ново историско поглавје на политиката во Тетово. Овие простории не се на одделни кланови, реони или села, туку канцеларијата на БЕСА е за сите граѓани. БЕСА е народот и е во служба на народот и секој е дел од БЕСА како јас така и секој член на централното раководство. Поделбите не се посакувани од никого, но кога ставот е различен, поделбата е неопходна. Имаме тука гости кои досега поради одредени поединци не нашле место во БЕСА. Но од денеска ви ветувам, дека во БЕСА ќе има место се сите“, истакна тој, пренесе Телма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа