Миркуловски: Одиме на победа и против Германија

Филип Миркуловски иако повреден беше ставен во игра на синоќешниот дуел со Црна Гора некаде на средината на првото полувреме и изигра фантастично.

– Знаевме дека ќе биде тешко со Црна Гора, иако многумина предвреме ни ги доделија бодовите. Честитки за Филип Лазаров кој на двата дуела ги постигна клучните голови. Неодамна реков дека дуелот со Германија може да биде за прво место во групата. Ние пренесуваме најмалку два бода во следната фаза. Со Германија одиме на победа и на прво место, истакна Миркуловски.

 

 

 

16.01.2018 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега