Филип Лазаров објави победничка фотографија по вчерашниот меч- фановите воодушевени (фото)

Во македонската ракометна репрезентација играат четири Филиповци, тие вчера заедно запишаа 15 гола и беа едни од најдобрите на теренот.

Најмногу голови зад своето име во победата на Македонија од 29:28 запиша Филип Кузмановски кој имаше 5 гола, Филип Миркуловски запиша 4 голови, Филип Талески и Филип Лазаров избројаа до три.

Филип Лазаров на Инстаграм објави фотографија на која се токму четирите Филиповци, фотографија која ги воодушеви сите македонски фанови. Тој покрај фотографијата напиша „Филип Македонски“.

Фотографијата на Инстаграм собра скоро 550 лајкови.

 

 

 

16.01.2018 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега