ЕХФ одговори на жалбата на Словенија- може ли балканскиот тим да го напушти турнирот?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука, поточно одговори на жалбата на Словенија за случувањата на средбата со Германија која заврши контраверзно без победник (25-25) и тоа по проверувањето на видео снимките при што Блаж Благотиншек доби црвен картон по што „гостите“ добија пенал кој го реализираа за бод.

Словенците вложија жалба, но без резултат и денеска ЕХФ објави дека крајниот резултат останува ист 25-25.

Како ќе биде реакцијата од Словенија останува да видиме, бидејќи се појавија одредени шпекулации дека можат и да го напуштат првенството, меѓутоа тој потег ако реално се погледнат работите тешко би можел да се сличи со оглед на последиците кои потоа би ги сносел во целост репрезентативниот ракомет во оваа земја.

 

Flash news: The EHF Commision has rejected the protest filed by the Slovenian Handball Federation. The result of the match is confirmed: 25:25

 

Зошто Германија доби пенал?

Германците тргнаа во напад и на 14 секунди до крај постигнаа гол за 24:24, но Словенците возвратија со екстра брзо изведување и на 7 секунди до крај дадоа гол кој навидум личеше на победа.

И додека сите мислевме дека е крај на мечот, судиите прегледуваа видео снимка. Режијата во преносот постојано враќаше забавена снимка од начинот на кој Словенците го изведоа последниот напад. Но таму сè било чисто, а спорниот момент бил всушност следниот напад.

На Германците им преостана две-три секунди за напад, што е кусо време за ново израмнување и токму во тој момент Благотиншек ги попречи да изведат брз центар.

Видео снимките кои се појавија на социјалните мрежи јасно покажуваат дека судиите биле во право и ги почитувале новите правила според кои му доделија црвен картон на Благотиншек.

Словенечкиот ракометар непромислено се обиде да го блокира ударот од центар на противникот, при тоа беше влезен во кругот и со тоа и ја „одзема“ победата на својата репрезентација.

 

Имено, според новите правила, доколку во последните 30 секунди се спречи брз центар се доделува црвен картон и се досудува пенал.

 

 

 

16.01.2018 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега