Словенија: Не се плашиме и против ЕХФ ќе одиме до крај - тужба во Лозана и напуштање на првенството

Со тужба до арбитражниот спортски суд во Лозана Словенија ќе ја бара правдата за мечот против Германија. Информацијата за медиумите ја потврди Директорот на националниот тим, Урош Мохорич

 

„Ова е веќе многу сериозно. Ракометната федерација на Словенија утре претпладне ќе има Извршен одбор на кој ќе се решава за можното напуштање на Европското првенство. Мислам дека сериозно се загрозени нашите права како федерација, но и како држава воопшто. Знаеме какви би биле и последиците, дека можна е суспензија и на клубовите од Лигата на шампионите, но не се плашиме од ЕХФ, затоа што има повисоки инстанци во спортот, каде може да се добие правдата. Се подготвува тужба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана, но и граѓанска тужба до Судот за човекови права во Стразбур. Ова веќе ги надминува границите на спортот. Конечните одлуки ќе бидат познати утре, кога ќе заседава ИО на Ракометната федерација на Словенија“, изјави Урош Мохорич.

Словенија вчера се соочи со сомнително судење во текот на целиот меч. На чуден начин со серија исклучувања Германците ја стопија разликата а во последните секунди, се случи и најспорниот момент, кога еден Благотиншек доби црвен картон а Германија пенал.

 

 

 

16.01.2018 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега