Цела Словенија на нозе: После Дончиќ реагираше и Драгиќ, Пахор најави доаѓање во Загреб

Речиси цела Словенија се крена на нозе по вчерашниот скндалозен меч меѓу нивната селекција и германскиот тим, откако Германците со пенал после судискиот свиреж се изборија за реми од 25:25.

По сето тоа, очекувано, настана и хаос по социјалните мрежи главно со обвинувања за ЕХФ и судиската двојка… Рамнодушен не можеше да остане и најдобриот словенечки кошаркар, младиот Лука Дончиќ кој беше разочаран од случувањата во „Арена“, па кратко напиша на својот Твитер профил:

„СРАМОТА”

Слично реагираше и неговиот репрезентативен колега, Клемент Препелич:

„Срамота!! Вие сте шампиони!! Главите горе!! Се се враќа, се се плаќа!! Напред Словенци!!

Го следеа и капитенот Горан Драгиќ, кој го ретвитуваше постот на Препелич, а им се придружи и Алексеј Николиќ.

„Должен” не остана ниту претседателот на Словенија. Борут Пахор дури најави и негово доаѓање на последниот меч во групата фаза, оној со селекцијата на Црна Гора.

-Без оглед на се, честитки за нашите ракометари. Веројатно се гледаме во среда, на средбата со Црна Гора, напиша Пахор.

 

 

 

 

16.01.2018 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега