ВМРО-ДПМНЕ во четврток седнуваат во Собрание за говорот на Столтенберг
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во четврток ќе се врати во пратеничките клупи, за да присуствува на обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, кој од утре е во дводневна посета на Македонија.
Од партијата потврдуваат дека ќе се вратат во четврток во Собранието, но нема потврда дали потоа повторно ќе седнат во Законодавниот дом, пренесе Република.
Инаку, Столтенберг е предвидено да има и средби со државниот врз, и прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ со недели ги нема во Собранието во знак на поддршка за приведените пратеници.
16.01.2018 - 14:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа